“Независимаја газета”: Американскиот ултиматум на Владимир Путин

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Додека Франција бара руска помош, Вашингтон се обидува да ги скара  Москва и Техеран

20151120.vzivbwkmeg

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров констатира значителна измена на позициите на Западот по прашањата за идната судбина на претседателот на Сирија Башар Асад, пишува рускиот весник “Независимаја газета”.

 Покрај тоа, претседателот на САД Барак Обама изрази радикално поинаква гледна точка и стави ултиматум на Москва, ако Русија побара да направи избор меѓу Асад и интегритетот на Сирија. Додека Русија се обидува да постави  дипломатските основи во ОН за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток, Вашингтон удира  клин во односите меѓу Москва и Техеран, и тоа успешно. САД се сериозно загрижени дека Русија и Иран водат координирана политика во Сирија, бидејќи Вашингтон се обидува да го уништи сојузот меѓу Техеран и Москва. Веќе се гледаат силните тензии меѓу Русија и Иран.