Независимаја газета: Големата нафтена игра на Вашингтон

од desk3
104 прегледи

Во почетокот на 2000-та година најголеми извозници на нафта беа земјите од ОПЕК и пред се Либија, Ирак, Саудиска Арабија, Венецуела, Нигерија, а исто земјите надвор од картелот Русија и Бразил. Генерално сите овие земји одржуваа антиамериканска политика. Карактеристика на овој период беше и неконтролиран светски пазар на нафтата. Најголем производител на “црното злато” тогаш беше Саудиска Арабија, а најголем увозник – САД. Ова го пишува Енгин Озер во весникот “Независимаја газета”, цитирана од БГНЕС.По големи вооружени конфликти (Авганистан, Ирак) цените на нафтата почнаа да се зголемуваат, како резултат на што земјите производители се збогатија, политичките режими во нив зајакнаа, што се согледува негативно од Вашингтон. Не треба да има сомнеж дека ако нафтената трговија од почетокот на векот се беше задржала, во денешни денови економијата на САД, макар и да не претрпе колапс, требаше да биде во длабока криза. Само што ситуацијата се промени во клучните геополитички јазли на светската нафтен систем.

1464276408-izteglen-fayl
Саудискиот јазол: ARAMCO и длабоки врски со САД

Според експертски проценки светските резерви на нафта се 1,7 трилиони барели. Од нив 276 милијарди барели се сопственост на Саудијците – тие се на прво место по нафтени наоѓалишта во светот. Околу 90% од буџетот на Саудиска Арабија доаѓаат од продажбата на “црното злато”. Првите нафтени компании на саудиска земја беа создадени во 1933 година Во 1944 година тие го добија името ARAMCO, односно арапско-американска корпорација, 25% од која припаѓа на Саудијците. Од 80-тите години на минатиот век тие се под контрола на Арапите. Денес АRAMCO е најголемата нафтена (и не само) компанија во светот. Нејзините приходи на ден, според статистиката од 2014 година, изнесуваат 1 милијарда долари. Наводната вредност на АRAMCO на пазарот е меѓу 1,25 и 10 трилиони долари. За споредба – вредноста на втората компанија по АRAMCO – Apple – е 543 милијарди долари. Со падот на цените на нафтата Ријад објави планови за ослободување на саудиската економија од нафтената зависност. Само што кралството се соочи со сериозен проблем. Профитот од нафта (официјално околу 750 милијарди долари) се во форма на обврзници и хартии од вредност на федералниот резерви систем (ФРС) на САД. И постојат планови за замрзнувањето на овие средства. Не толку одамна некои американски сенатори излегоа со иницијативата за донесување на закон кој би наметнал санкции против Саудиска Арабија за врски со меѓународниот тероризам, вклучувајќи и со “Ал Каеда”. Авторите на иницијативата се повикуваат на терористичкиот акт од 11 септември 2001 година, потсетувајќи дека од 19 терористи 11 беа поданици на Кралството Саудиска Арабија. Ставањето на знак на еднаквост меѓу раководството на Саудиска Арабија и арапските терористи го става под закана враќањето на саудиските петродолари од ФРС. Очигледно на овој начин Американците имаат намера да го ставаат под своја контрола и Саудиска Кралство, и неговите планови за модернизација на економијата.

Аџиев во паника- го обвинува Управниот суд за саботажа на лустрацијата

Рускиот јазол: земјата, која ја изолираа од светот

Сегашната украинско раководство одржува антируска политика под диктатот на Американците. Ова не само што ги влоши руско-украинските односи, но и влијаеше сериозно на економските односи на Европа со Руската Федерација. Како резултат на тоа руската економија не може брзо да се прилагоди на новата светска економска конјунктура поврзана со падот на цените на нафтата. Пазарната вредност на “Газпром” во текот на 2000-2008 година беше околу 360 милијарди долари. Во прогнозата на Дмитриј Медведев при стабилен раст на економијата “Газпром” требаше да стигне до 1 трилион долари во 2017 година, а денес веќе требаше да биде втората по големина светска компанија за производство на нафта и природен гас. Само што поради светската криза пазарната вредност на “Газпром” кон денешниот ден падна до 51 милијарди долари. Како што е познато, 37% од акциите во “Газпром” и припаѓаат на Владата, при приватизација овој дел имаат намера да купат американски компании. САД сакаат да се претворат во сериозен конкурент на Русија во областа на снабдувањето со гас. Првите количини во износ од 175 000 кубни. м. Течен американски гас веќе беа доставени со танкери во Португалија. И за Европа се отвора алтернатива на рускиот гас.

Венецуелскиот јазол: уништена економија како цена во борбата за нафта

Во почетокот на 2000 година Вашингтон купуваше од Венецуела 14% од нафтата, кој беше потребна за американската економија. Во 2005 година претседателот Хуго Чавез национализираше неколку американски нафтени компании и ја зајакна државната контрола над нафтениот сектор. Западните нафтени гиганти мораше да ги ограничат своите активности и да даваат на венецуелската влада 40% од профитот.

Со други зборови Чавес ги објави своите намери да го контролира целиот венецуелски државен нафтен поток. Само што наскоро по демонстрацијата на овие амбиции Чавез почина, во земјата почнаа немири, по што дојде до девалвација на националната валута. Очигледно е дека главната борба во Венецуела сега се води за приватизацијата на државната нафтена и гасна компанија PDVSA и дека по нејзината приватизација немирите во земјата ќе завршат.

Ирачкиот јазол: зголемување на производството, независно од тероризмот

Долгогодишната ирачка криза поврзана со уништувањето на режимот на Садам Хусеин, граѓанската војна и активностите на терористичките организации, практично не ја допре шиитска Басра – клучен нафтен регион на земјата. Независно од тоа, што во останатите региони беснееше војна, меѓународните компании “Бритиш петролеум”, “ЕксонМобил” и “Ројал Дач Шел” го зголемуваат производството на нафта во Ирак. Експертите од “Морган Стенли” предвидуваат дека дневното производство на нафта во Ирак во 2016 година ќе биде од 3,88 милиони барели, а во 2017 година – 4,17 милиони барели. Таква сигурност дозволува да се зборува за тоа дека Централен Ирак веќе успешно се контролира од Западот. Навистина, сложена останува ситуацијата во друг нафтен регион – Ирачки Курдистан во северните делови на земјата. Но и таму основно одржување на локалните власти и теренските команданти имаат Американци што во перспектива го прави Вашингтон стратешки партнер на ирачките Курди и во нафтените потфати.

Либискиот јазол: носталгија по минатото без шанси за иднина

Неодамна Либија беше најзастапеата нфтена земја во Африка. Само што нејзиниот лидер Моамер Гадафи си потпиша смртната пресуда, откако одби приватизацијата на националните нафтени компании и многу активно ја лобираше идејата за златен динар. Сега во Либија постојат две влади, а исто така и бројни терористички групи, кои ја контролираат територијата на земјата. Нема сомневање дека во блиска време терористичката група “Исламска држава” (ИД) ќе го зголеми своето влијание во Либија. Паралелно со тоа во Либија се засилува активноста на американските нафтени компании. Поради тоа со сигурност може да се каже дека Либија нема да успее да го врати националниот пазар на нафта и соодветно нема да може, како порано, да биде на водечките позиции на светскиот пазар.

Нигерискиот јазол: нестабилна земја под закана на “Боко Харам”

Денес дел од територијата на Нигерија со големината на Белгија е под контрола на екстремистите од терористичката организација “Боко Харам”, која се смета за гранка на ИД. Нигерија е растргната од корупција и меѓурелигиски конфликти, па во наредните 10 година пред оваа земја не се наведени некакви позитивни перспективи. Во исто време главно американски нафтени компании продолжуваат да покажуваат интерес за нигериските наоѓалишта на “црното злато”. Овој интерес е надополнет од иницијативата на британски политичари, кои нудат на владата на Нигерија помош во воената сфера, а исто така обезбеди групи од војниците со посебна намена за решавање на задачи во областа на безбедноста. Експертите не се сомневаат дека во блиска иднина трансатлантските нафтени и гасни компании ќе го зголемат производството во Нигерија и дека екстремистите од “Боко Харам” ќе продолжуваат да создаваат закана за кинеските нафтени компании кои работат во Нигерија и во соседните земји.

Иранскиот јазол: американски трик за Техеран

Американскиот трик за Техеран се состои во тоа дека, кога нафтата чинеше 130 долари за барел, беше воведена забрана за продажба преку механизмот на меѓународни санкции. Кога нафтата падна до цена од 40-45 долари, забраната и казните беа отстранети. Денес Иран го зголеми производството на нафта до 1,750 милиони барели дневно. Само што, ако американското раководство побара, тогаш може повторно да воведе ембарго за продажба на иранска нафта, што би било најсилен удар врз економскиот и социјално-политичкиот систем на Исламската република. Поради што денеска Иран е особено зависен од овие можности на САД. Треба да се напомене дека со еден истрел (укинување на ембаргото минатата година) Вашингтон уби две птици (ги обнови односите со Техеран, додека ја демонстрира на режимот на ајатоласите нивната ранливост во иднина, а исто така ја казни Саудиска Арабија, која стана премногу независна во регионот и замислуваше модернизација на националната економија).

Кинескиот јазол: стратешка игра на Америка

Годишната стапка на раст на економијата на Кина е околу 6%, и поради оваа причина САД не можат да се натпреваруваат со неа. Сепак Американците можат да создаваат сериозни пречки за развојот на Кинезите преку тешкиот на пристап до развој на нафтени или гасни полиња и зголемување на цените на нафтата. Веројатно трансатлантските корпорации ќе се обидат да ги контролираат таквите компании како АRAMCO, “Роснефт”, “Газпром” и PDVSA. Да ги земат под своја контрола е погодно токму сега, кога пазарната вредност на компаниите се намали максимално. А откако овие арапски, руски и венецуелски корпорации ќе преминат под контрола на Американците и нивните сојузници, може да се очекува зголемување на цената на нафтата до 80-85 долари за барел. Одржувањето на најголемата нафтена и гасна игра на САД се изразува во постигнување на разбирлива цел – на крајот да биде ставен крај на доминацијата на ОПЕК и сами да ги контролираат и определуваат цените на нафтениот пазар, со што ќе го прекинат драстичниот раст на Кина. Очигледно е дека токму околу оваа игра во наредните години ќе се јавуваат разни конфликти и политички сојузи.