Независниот полициски синдикат бара одговорност од Чавков

од desk3
83 прегледи

Основното јавно обвинителство да почне да ја истражува одговорноста на повисоките структури во МВР за нападот во Собранието – побара денеска независниот полициски синдикат.
Првиот човек на синдикатот, Гоце Делчев Тодев, вели дека вината не може да се бара единствено кај полицајците кои беа суспендирани, бидејќи тие немале наредба да постапат. Од одговорност нема да избегаат ниту Митко Чавков ниту Агим Нухиу – им порача тој.
„Нема да може да се спаси и без разлика на тоа што господинот Чавков се подготвува да замине од кабинетот на Бирото за јавна безбедност, а да ги остави луѓето кои се обични полицајци да страдаат и да ги оставаат нивните семејства надвор од можноста да имаат редовна плата“, изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на НПС.