Независниот синдикат на полицијата: Платите се далеку од достоинствени, ова дополнително ќе влијае на мотивацијата и посветеноста на вработените

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Независниот синдикат на полицијата изрази загриженост поради исплатата на платите во полицијата, нагласувајќи дека тие се “далеку од достоинствени” и “значително заостануваат зад платите во земјите од регионот”. Во своето соопштение, синдикатот упати реакција поради “прекршувањето на децениската практика” платите да се исплаќаат на првиот работен ден во месецот.

Синдикатот истакна дека, иако “законскиот рок за исплата на платите е до 15-ти во месецот”, добивањето на платите на првиот работен ден “им нуди одредена стабилност и сигурност” за вработените. Оваа практика им овозможува “можност за планирање на своите плати”, што е “особено важно” во време на економски тешкотии.

“Во период кога нема пари за покачување на платите, ова дополнително ќе влијае на мотивацијата и посветеноста на вработените”, истакнаа од синдикатот, нагласувајќи дека е неопходно “да биде задржана како добра практика и непишано правило” во иднина.

Слични содржини