Германската канцеларка Ангела Меркел е во посета на Москва, каде што се состана со рускиот претседател Владимир Путин.
Главната тема на разговор меѓу германската канцеларка во заминување и рускиот претседател е ситуацијата во Авганистан, и секако има бројни други теми од големо значење за двете земји, но на кои Русија и Германија различно гледаат.
„И покрај сите разлики меѓу нас, сепак треба да разговараме“, рече германската канцеларка на почетокот на средбата.
Меѓутоа, она што привлече најголемо внимание кај медиумите беше ситуацијата кога телефонот на канцеларката заѕвони среде говорот на Путин, на што и тој накратко застана и коментираше.
Whoops! Someone calls Merkel's mobile during Putin talks
Follow us on Telegram https://t.co/4xzXvnOzWv pic.twitter.com/M4NRFCilKV
— RT (@RT_com) August 20, 2021