Пратеникот Кастриот Реџепи можеше да се појави во Собранието на денот на гласање недоверба на Владата и да гласа по свое убедување, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, Реџепи беше меѓу главните критичари на владата предводена од СДСМ и ДУИ.
-Тој се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на Владата, но јавноста е сведок што се случуваше, посочи Мицкоски кој смета дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа.
Тој додава дека ни самиот Реџепи не верува дека на 14 декември Македонија ќе добие датум за преговори.
-Ова беше мал политички маневар да го оправда тој кој што му го причини тоа за кое што тој беше дента изолиран од Собранието и оневозможен да присуствува на седницата, порачува Мицкоски.