Воено-морската флота на САД ќе се соочи со сериозна криза, поврзана со недостиг на носачи на авиони, пишува воениот аналитичар на американското списание The National Interest Дејв Маџумдар.

“САД се обидуваат да ги исполнат своите глобални обврски само со 10 носачи на авиони во флотата” – истакна тој. Постојниот закон бара ВМФ да поседува 11 брода од оваа класа, но новиот носач на авиони Gerald R. Ford ќе влезе во составот на флота во 2016 година, а ќе биде готов за експлоатација не порано од 2021 година
Американскиот адмирал Том Мур истакна дека од 10-те носачи на авиони, 5 се наоѓаат во ремонт, а другите 5 се на границата на своите можности.
Американскиот конгресмен-републиканец Мајк Коневеј поднел на разгледување закон во Конгресот, со кој се предвидува во морнарицата да има 12, а не 11 носачи на авиони. Според него, тоа треба да се случи до 2030 година, кога според плановите треба да биде изграден новиот John F. Kennedy.
Според Коневеј, на САД нема да им достигнуваат носачи на авиони во Персискиот залив поради стекнување на сила на Иран. Неговиот закон сепак засега не е прифатен.
“Нашите непријатели се закануваат на нашата слобода на море и ја ставаат под сомнение американската воена моќ. Дојде време да ја покажеме својата сила и решителност,и да го зголемиме бројот на носачите на авиони во ВМФ на САД, за да може флота да ги исполни преземените обврски дома и во странство “- изјавил конгресменот.
На други проблеми околу американските носачи на авиони обрнува внимание аналитичарот од Center for New American Security Џери Хендрикс. Во својот извештај тој забележува дека американските носачи на авиони во наредните години може да станат неефикасни. Причина, според него, може да бидат стратешки пропусти на американската влада уште пред многу години.