“Изгледа нема решетки кои да не може да ги отвори, силата на Чапо и Синалоа, најсилниот картел, со кој никој не може да е во костец.”
Додека вестите грмат за бегството на познатиот дилер на дрога Хоакин “Чапо” Гусман од строго безбедносен затвор, телевизиските екипи, новинари и новинарите се обидуваат да обезбедат повеќе детали околу историјата. Во исто време, друг тип раскажувачи за “нарко баладите”, за само неколку часа по веста за бегството на нарко баронот напишаа и запишаа свои настапи кои ги закачија веднаш на интернет. До понеделникот веќе има десетина песни, насловени како “Балади за бегството на Чапо 2015”. Песните се слушаат од компјутери, телефони објавени се на телевизија.
“Чапо Гусман избега”, се пее во песната на групата наречена Los Alegres del Barranco. “Генералот на Алтиплано (затвор). Користи многу зелени пари, за да може да си замине … Каде е Чапо Гусман? Само тој и Бог знаат … “Музичарите користат гитари, хармоники и тромбон и често ги запишуваат веднаш свежите парчиња, дури со телефон.
Други пеат acapella. Во видео, младинец се пофали дека му е требало десет минути, за да состави песна и да го чита текстот на неговиот телефон. “Изгледа нема решетки кои да не може да ги отвори, силата на Чапо и Синалоа, најсилниот картел, со кој никој не може да во костец.”-пее младичот во стилот на други нарко балади. “11 јули 2015 година, истакна тој во календарот. Ден за прослави, денот на второто стартување на Чапо. ”
Слични балади ја одразуваат поддршката за Гусман и други гангстери во срцето на мексиканската дрога. Во Држави како Синалоа,од каде е Гусман, некои ги гледаат шверцерите како херои, кои имаат доволно храброст да се соочат против мексиканските федерални власти и американската агенција за борба против дрогата. Шверцерите прават милијарди долари од кокаин, марихуана, хероин и “кристали”, а во исто време обезбедуваат работа за локалните луѓе во области од кои владата крена раце, а сиромаштијата се шири на сите нивоа во планинските населби и изолирани делови на земјата.
Бегството на Гусман, кој избегал од затвор преку над километар долг тунел, опремен со вентилација и светла, се смета како крајно надигрување со властите. Тој избега и во 2001 година и помина 13 години во бегство, пред да биде повторно фатен.
Владата на Мексико, од своја страна, за да го прикрие недостатокот на соодветни активности, често ја обвинува музиката за провоцирање на злосторства. Според официјалните податоци на луѓето Гусман и картелот на Синалоа редовно вршат егзекуции и масакри. Од почетокот на управувањето на Фелипе Калдерон над 83 000 луѓе беа убиени од картели или силите за безбедност во т.н. Мексиканска нарковојна чии жртви од нејзиниот почеток во 2006 година, се над 106 000, а раселените и ги загубија своите домови се над 1 600 000. Политичарите велат дека музиката ги тера младите да вршат злосторства. Градоначалникот на Чивава Хавиер Гарфио дури ги забрани групите кои свират нарко балади. Властите одбиваат дагиа признаат грешките и присуството на широка корупција, дозволувајќи им на картелите да профитираат од ситуацијата.
Иако радио станици и телевизиски канали избегнуваат да пуштаат слична музика, овие песни се популарни на интернет. Според податоците над 120 милиони Мексиканци се онлајн, правејќи го ширењето на настапите лесно и достапно. Овие балади имаат милиони гледања – најпопуларната El Jefe de Jefes има 14 милиони прегледа. Во САД, дом на 11 милиони Мексиканци, исто така имаат популарност. Изведувачите на нарко балади имаат концерти од Лос Анџелес до Чикаго.
Многумина изведувачи се гордеат со фактот дека текстовите им се појавуваат речиси веднаш по вестите. Книгата Narcocorrido од Елајџа Валд го анализира овој тип култура и посебно нарко баладите. Авторот помина месеци во северно Мексико, разговараше со локални композитори и групи. Многумина од нив се неписмени и само-создадени, често ги чуваат текстовите во главите пред да направат видео. Тие веруваат во улога на “снабдувач” на вести кон изолираните области.
Понекогаш нарко баладата се креира во присуство на дрога на кои се посветени и така сиромашните музичари успеваат да соберат пари за концерти.
