НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД ПРИОРИТЕТНАТА ГРУПА: Илјадници проститутки протестираат во Бразил (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сексуалните работнички во бразилскиот град Бело Хоризонте штрајкуваат веќе една недела, барајќи да бидат вклучени во приоритетната група за вакцинација против коронавирус, бидејќи, како што велат, и тие се наоѓаат во „првите борбени редови“.

Затворањето на хотелите како дел од епидемиолошките мерки принуди илјадници проститутки клиентите да ги бараат и услужуваат на улиците.

„Ние сме во првите борбени редови, ја поттикнуваме економијата и сме изложени на голем ризик“, изјави за „Франс прес“ Сика Виеира, претседателка на Здружението на проститутки на државата.

„Ние мора да се вакцинираме“, додаде таа.

Виеира и други жени протестираа на улицата полна со хотели каде што порано работеле, носејќи транспаренти на кои пишуваше „И сексуалните работнички се медицински професионалци“ и „Сексуалните работнички се приоритет“.

„Ние сме дел од приоритетна група бидејќи се среќаваме со различни типови на луѓе и ги ризикуваме нашите животи“, рече една од проститутките.

Слични содржини