Воената хунта во Нигер денеска ги уапси претседателот на поранешната владејачка Партија за демократија и социјализам на Нигер, Фумакоје Гадо, министерот за нафтена индустрија Сани Махамаду и министерот за рударство Усеини Хадизату, објави партијата, пренесе „Ројтерс“.
Воените офицери на Нигер во петокот го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум.
Нигер граничи со три земји кои исто така доживеале пуч – Мали, Буркина Фасо и Чад.