339
Американскиот производител на облека и обувки Nike не го обновил договорот за франшиза со руската „Inventive Retail Group“ (IRG), пренесе „Ведомости“, повикувајќи се на писмото на претседателот на IRG, Тихон Смиков до вработените во компанијата.
Nike не го обнови договорот за франшизата со IRG, кој е сопственик на најголемиот американски малопродажен синџир во земјата. Смиков оваа одлука ја објаснува со фактот дека Nike не може „да организира испорака на стоки во Русија во догледна иднина“, се наведува во написот, пренесе РИА Новости.
Директорот за односи со јавноста на руската „Inventive Retail Group“ потврди дека испораките се прекинати, а стока има се помалку.