„Nike“ поднесе тужба поради „сатанските патики“

од Stefanija Kuzmanovska
564 прегледи

„Nike“ поднесе тужба против уметничкиот колектив MSCHF за контроверзните „сатански патики“ кои содржат капка човечка крв.

Патиките, кои чинат 1.018 долари, а на кои има превртен крст, пентаграм и натпис „Лука 10:18“, се направени со модификација на веќе постоечкиот модел „Nike Air Max 97“.

MSCHF во понеделникот објави 666 пара патики во соработка со раперот Лил Нас Х, а тие се распродадоа за помалку од една минута.

„Nike“ тврди дека станува збор за повреда на трговска марка.

Црвено-црните патики беа пуштени во понеделникот, што се совпадна со објавувањето на најновата песна на Лил Нас Х, Montero (Call Me By Your Name). Песната беше објавена во петокот.

Во спотот за песната, раперот се спушта од рајот во пеколот преку стриптиз бар, и ги носи токму овие патики.

Гигантот во индустријата за спортска опрема во пријавата вели дека не го одобрува овој модел на патики и дека тие не се овластени, објави Би-Би-Си.

„Nike“ бара од судот да спречи MSCHF да продава патики и да спречи употреба на препознатливо лого на компанијата.

„MSCHF и нивните неовластени „сатански патики“ можат да предизвикаат збунетост и да доведат до врска помеѓу нивните производи и „Nike“, се наведува во тужбата поднесена од компанијата.

Всушност, веќе постојат докази за значителна конфузија на пазарот, вклучително и повици за бојкот на „Nike“ како одговор на производ лансиран од MSCHF, кои се засноваат на лажни верувања дека „Nike“ го одобрила производот.

Во тужбата се цитира и твит од популарниот инфлуенсер во светот на обувките „Сеинт“, кој на социјалните мрежи најави објавување на овие патики на пазарот.

Се побунија и некои конзервативни политичари, како гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем и некои други религиозни следбеници, кои беа навредени од дизајнот на патиките и го критикуваа раперот и MSCHF на Твитер.

Лил Нас Х одговори на критиките со неколку мемиња што ги сподели на својот Твитер профил.

Слични содржини