Никогаш не е доцна: Баба дипломирала по 42 година истиот ден заедно со војата внука 

од Берта Китинска
430 прегледи

Никогаш не е доцна за факултетска диплома, за тоа сведочи баба од Соединетите држави, Пат Ормонд (74), која дипломирала антропологија по 42 години откако се запишала на својата прва година на колеџ во Кенс.

Интересно е што Пет дипломираше истиот ден со нејзината внука Мелоди, пишува Си-Ен-Ен.

Пет се запиша на колеџ во 1978 година и го напушти по еден семестар.

– Отсекогаш знаев дека ќе завршам факултет, но никогаш не помислував дека ќе го сторам тоа заедно со баба ми – рече нејзината внука Мелоди.

По напуштањето на колеџот, Пат основа семејство и се посвети на работата на сметководител. Семејството ја убедило да се врати и да дипломира, за што таа се согласи веднаш по пензионирањето. Таа истакна дека уживала да оди на колеџ, како и да запознава луѓе од различни профили.

– Учењето никогаш не престанува. Без оглед што правите во животот, никогаш не престанувате да учите. Татко ми ми го објасни тоа кога бев помлада и никогаш не го заборавив тоа – рече веселата баба, додавајќи дека веќе планира да оди на друг факултет – ќе се запише на студии по историја.

Слични содржини