341
Среќна вест доаѓа од семејството Бекам. Имено, таткото на најпознатиот фудбалер на сите времиња, Дејвид Бекам, Тед, ја објави свршувачката со Хилари Мередит која ја запознал пред една година додека работел со ветераните.
– Додека моментално во светот се случуваат некои важни работи, драго ни е што можеме да објавиме дека сме среќно свршени. Чувајте се – се вели во заедничката објава на идните сопружници.
Родителите на фудбалерот се разведоа во 2002 година, по 33 години брак. Фудбалерот никогаш не го поднесе добро разводот, но е среќен што останаа во добри односи.