Никогаш не вели никогаш: Демпси се враќа во „Вовед во анатомија“?

од Nikola Popovski
361 прегледи

Актерот Патрик Демпси секогаш ќе им биде познат на обожавателите на серијата „Вовед во анатомија“ како д-р Дерек Шепард, иако неговиот лик почина во 11-тата сезона. Сепак, тој не ја исклучува идејата да се врати во серијата во иднина, што ги израдува обожавателите особено.

Доктор Шепард направи изненадувачки кам-бек оваа сезона, каде гледачите го видоа со неговата сопруга Мередит на плажа. Тоа беше неочекуван пресврт за фановите, пишува „Фокс Њуз“.

Демпси се осврна на враќањето во серијата во интервју за „Варајети“, каде рече дека не се противи на кој било начин повторно да се појави во серијата.

„Кој знае? Никогаш не вели никогаш со оваа серија, нели?“, рече Демпси.

„Мило ми е што го сторивме тоа оваа година, Криста Верноф заврши одлично работа со раскажување на приказната. Тоа беше одличен начин да им дадеме на луѓето надеж“, вели тој.

Демпси беше дел од серијата од првата до единаесеттата сезона.

Говорејќи за неговото враќање во 17-тата сезона, актерот се осврна на епизодата што беше емитувана во САД минатата недела и се чинеше дека тоа е последен пат обожавателите да го гледаат во таа улога.

„Мислев дека тоа е прекрасен начин да се заврши. Намерата беше да им дадеме надеж на луѓето, бидејќи тие двајца се култен пар. Изгубивме многу луѓе оваа година, помислата да имаме ангели кои лебдат околу нас и да се грижат за нас е толку добра порака во светот во кој живееме. Значи, за сите нас, тоа беше прекрасен крај на оваа приказна. Благодарен сум за тоа што го сторив тоа и среќен сум што им се допадна на фановите“, рекол тој.

Елен Помпео остана главниот лик на серијата, но фановите жалеа за загубата на неколку омилени ликови, покрај Демпси.

Седумнаесеттата сезона започна со тоа што Мередит се разболи од коронавирус, а таа се сретнува и со семејството и пријателите кои претходно починале, вклучувајќи ги и Лекси Греј, Марк Слоун и Џорџ О’Мајли.

Слични содржини