Никогаш полоша година за Џеј Ло: Албумот и филмовите доживеаја фијаско, турнејата откажана, бракот со Афлек на стаклени нозе

од Nikola Popovski
48,4K прегледи

Џенифер Лопез и Бен Афлек очигледно одат по патот на разводот, бидејќи „TMZ“ дознава дека тивко се обидуваат да го продадат домот што го купиле откако се венчале. Крахот на големата љубов, по втор пат, овој пат има уште пострашен крај од кога штотуку почнаа да излегуваат, пред две децении.

Повеќе извори блиски до парот велат за „TMZ“ дека Џеј Ло и Бен го користат агентот за недвижнини Сантијаго Арана за да го продадат домот што го купиле пред нешто повеќе од една година. „TMZ“ ја откри приказната дека тогашните младенци ја купиле огромната палата на Беверли Хилс за нешто повеќе од 60 милиони долари.

Биле во потрага по куќа скоро 2 години, гледајќи повеќе од 80 имоти пред да се населат во вилата. Според американските медиуми, нивниот брак е во голема неволја. Бен веќе се иселил од домот и се вселил во стан во Брентвуд. За тоа време пејачката и актерка наводно барала нова куќа за живеење.

Гласините за развод се потврдени со неодамнешната информација дека Џенифер Лопез ја откажала својата светска турнеја „This is meс“, наведувајќи дека сака „да се посвети на семејството“. Во меѓувреме излезе документарен филм за животот на познатата пејачка и актерка, но научно-фантастичниот филм „Атлас“ на Нетфликс, кој и покрај високата гледаност, доживеа страшни критики и лоша оценка. Иако моментално е најгледан филм на таа стриминг платформа, гледачите и критичарите не гледаат позитивно на него. Филмот моментално има оценка 5,6 на „IMDb“, врз основа на 19.000 рецензии.

 

И ова не е единствениот неуспех за Џенифер Лопез оваа година. Нејзиниот нов албум „This is me … now“ е речиси целосно заборавен иако штотуку беше објавен, а критичарите буквално го уништија со лоши рецензии. И фановите не се наклонети кон него, нагласувајќи дека Џеј Ло буквално не „погодила“ ниту еден хит од албумот.

Од друга страна, разводот на Афлек за некои е некаков доказ дека нема втора шанса во љубовта. Кога првпат се верија пред повеќе од две децении, Афлек ја раскина свршувачката пред свадбата.

Слични содржини