Џорџ Клуни денес е една од најголемите холивудски ѕвезди, а улогата по која се уште е познат речиси му ја уништила кариерата.
Имено, Клуни ја толкуваше улогата на култниот херој Бетмен во филмот „Бетмен и Робин“ од 1997 година, но тоа го смета за голем дебакл.
Тој тврди дека луѓето одбиле да работат со него по овој филм.
Работите се промениле дури откако работел со режисерот Стивен Содерберг во филмот Out Of Sight од 1998 година.
„Никој не ме сакаше во својот филм една година по дебаклот. Се залетав, бев возбуден што ќе го играм Бетмен и – се зафркав. После тоа сфатив дека морам да внимавам на целиот филм каков што е, а не само на мојата изведба или на она што го правам. Се фокусирав на подобрите сценарија – тоа е најважно. Од лошо сценарио не можете да направите добар филм, тоа е невозможно. Можете да направите лош филм од добро сценарио“, изјавил Клуни за The Sun.