Никол Кидман низ солзи проговори за семејството: Ги откри последните зборови на мајка си

од Nikola Popovski
161 прегледи

Актерката Никол Кидман неодамна ја загуби мајка си, а сега проговори како ја поднела големата загуба.

Џенел Ен Кидман почина во септември оваа година, кога Никол беше на филмскиот фестивал во Венеција.

„Последните зборови што ми ги кажа мајка ми, а јас не знаев дека ќе бидат нејзините последни зборови… Сакав да се качам во авионот и да се вратам да ја видам, а таа рече: „Полека, не брзај. Мислам дека сега треба да се грижиш за себеси, Ники“, рекла актерката, а потоа додала:

„Затоа сега работам повеќе и им го кажувам тоа и на другите луѓе, особено на жените. Мислам дека не се грижиме доволно за себе“, додала Кидман, потсетувајќи се на емотивните зборови кои и ги кажала и нејзината баба пред да почине:

„Биди среќна“, рекла актерката со солзи во очите.

Таа открила дека токму поради загубата на мајка си, сака што повеќе да биде со своите деца:

„Очигледно сум постара мајка, па сакам да бидам тука за моите девојки уште долго време. Тие се неверојатни и имам среќа што ги имам. Ако се грижам за себе, значи дека можам да се грижам и за другите“, заклучила актерката во разговор за странските медиуми.

Слични содржини