Никол Кидман призна: „Ги лажев режисерите“

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

За многумина Никол Кидман е една од најубавите холивудски актерки, таа редовно е на листите на најдобро облечени жени, но не било секогаш така, бидејќи нејзината висина често се покажувала како проблем.

Холивудската ѕвезда, појавувајќи се на подкастот на „Радио тајмс“, открила дека лажела за нејзината висина на почетокот на нејзината кариера во очајнички обид да обезбеди аудиции.

„Постојано ми велеа дека сум превисока за Холивуд. Затоа ги лажев режисерите – од вистинските 180, кои ги имам, редовно одземав барем еден сантиметар“, изјавила оскаровката.

„Често ме задеваа за мојата висина. Луѓето ме прашуваа: ‘Каков е воздухот таму горе?’. А колку пати сум слушнала: ‘Ти си многу повисока отколку што мислев’. Да не зборувам за вечните маки за тоа какви потпетици воопшто треба да носам, па дури и дали смеам да носам. Кога и да одам на црвениот тепих, ми праќаат чевли со вртоглаво високи потпетици. И јас повторно ќе бидам највисоката личност на настанот, баш како жирафа“, се пожалила Кидман.

Таа раскажала и како пропуштила некои улоги за кои сонувала поради неколку дополнителни сантиметри. На пример, како многу млада девојка, таа не добила улога во хит мјузиклот „Ани“. Имено, најпрво биле измерени сите актерки за споменатиот проект, а таа тогаш била висока 162,56 сантиметри и била за 5,08 сантиметри повеќе од поставената горна граница.

„Ги молев директорите на кастингот барем да ми дадат шанса на аудиција. На крајот ме пуштија да се обидам за улогата. Но не ја добив. Не ме повикаа повторно. Бев понижена“, се присетила актерката.

„Се разбира, понекогаш посакувам да бев барем малку пониска, но еј, неверојатно сум благодарна што сум здрава и шетам наоколу, иако имав проблеми со колената и секакви работи, делумно поради мојата висина“, заклучи Кидман.

Слични содржини