Никол Шерцингер скршена од болка, убиен нејзиниот братучед

од Љубиша Владимиров
413 прегледи

Популарната пејачка Никол Шерцингер на Инстаграм објави дека нејзиниот прв братучед е убиен во сообраќајна несреќа, а несовесниот возач заминал од местото на настанот и не му помогнал.

никол шерцингер

„Ова е како кошмар од кој не сакам да се разбудам. Се збогувам со мојот прекрасен братучед Џон Бој. На 26 октомври во 3 часот наутро неговиот живот заврши. Некој го прегазил и само го оставил да умира“, напишала Никол на Инстаграм.

„Братче мое, те сакам. Овој свет беше подобро место додека ти беше дел од него“, не може да ја скрие својата болка познатата пејачка.

https://www.instagram.com/p/B4P4oqGD8dy/?utm_source=ig_embed

Слични содржини