Никола Груевски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ по “сталинистички избор “

од Vladimir Zorba
121 прегледи
 Македонскиот премиерНикола Груевски реизбран за претседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ , соопштија локалните медиуми, но и коментираат медиумите во регионот. во насловите на бугарските медиуми стоит дека тој е избранн по класичен стаљинистички пристап- сите едногласно  никој против  и со еден кандидат .
256x268

 За Груевски гласале 528 од 529 делегати на конгресот , кој се одржува во Куманово.Едното ливче  било неваажечко..Тој беше единствениот кандидат за партиски лидер .

Груевски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од 2003 година , а од 2006 година е премиер на земјата, потсетуваат БГНЕС.

Последните три месеци во Македонија има тешка политичка криза . Опозицијата направи огромни откритија за тешки корупциски шеми на премиерот Груевски и неговите најблиски околина, вклучувајќи местења  во судството иизборни манипулации , како и целосна контрола над медиумите . Во повеќето корупциски шеми учествува лично директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој е братучед на Груевски.

Груевски постојано ја обвинува опозицијата дека сака “да предизвика меѓуетнички конфликт” . Тој ја обвинува опозицијата дека служи и соработува со  странски служби.

Оставки и започнување на транспарентно и независна истрага за јавните обвинувања и откритија, кои станаа факт во Република Македонија побараа германскиот и американскиот амбасадор во Скопје, пишуваат бугарските медиуми