Никола Којо итно хоспитализиран

од desk4
687 прегледи

Српскиот актер заврши во болница во Загреб, откако во тек на снимање на филм се лизнал и паднал на трупец.

При снимањето на кадри со трчање низ шума, Никола Којо се лизнал и со лицето удрил во пресечен трупец. Итно е превезен во една загрепска болница каде му бил направен преглед на главата.

Актерот изјавил дека добро се чувствува и го чека лекарот да му даде информации за состојбата како и насоки за понатамошно лекување, ако има потреба.

Самата сцена на ударот била страшно да се гледа бидејќи трчал со голема брзина и наеднаш паднал и силно се удирил на дрвениот трупец. Сите од екипата притрчале да му помогнат и веднаш го одвезле во болница.

Слични содржини