Пронаоѓачот Никола Тесла е роден точно пред 160 години во селото Смиљан, крај Госпиќ, Хрватска. Денес целиот свет го смета за гениј, за разлика од неговите современици, кои виделе во него чудак. За неговите пронајдоци се знае многу, но неговиот живот е обвиткан во тајна. Еве неколку интересни факти за него кои ги собрало хрватското издание “Индекс”.
1. Бракот за него бил табу
Тој бил уверен дека сексот ќе му наштети на неговиот интелект и се одрекува од него.”Сметам дека не би можеле да наведеме многу добри пронајдоци на женети луѓе”, изјавил тој.
2. Бил опседнат со бројот три
Многу работи Тесла ги вршел три пати по ред, поради што многу луѓе мислат дека е болен од опсесивно-компулсивно нарушување. Рацете ги миел по три пати, а пред да влезе во зградата, ја обиколувал три пати.
3. Сакал гулаби
Покрај тоа што ги хранел во паркот, често ги носел во својата соба.
4. Мразел бисери
Тој дури не сакал да разговара со жени кои носат бисери и никогаш не ја објаснил причината за оваа омраза.
5. Пред сто години предвидел дека ќе имаме смартфони
Еден од помалку познатите уреди кои ги предвидел, е смартфонот. Во интервју во 1926 година, Тесла рекол: “Кога воведеме безжичен систем, целиот свет ќе се претвори во еден голем мозок. Ќе бидеме во можност да комуницираме едни со други, без оглед на далечината. Не само тоа, преку телевизија и телефон ќе можеме да се гледаме и слушаме едни со други, иако не сме еден до друг. А, инструментите со кои ќе можеме да го правиме тоа, ќе бидат неверојатно едноставни во споредба со денешните телефони. Човек ќе може да носи еден таков уред во џебот. ”
6. Последната деценија од својот живот ја поминал во хотелска соба
Собата број 3327 во хотелот “Њујоркер” била негов дом во последните десет години. Собата се наоѓа на 33 кат, уште еден доказ дека го сакал бројот 3.
7. Бил приврзаник на евгениката
Верувал е дека пониските луѓе не треба да имаат потомство. “По сто години еден нормален човек нема да создава потомство со лице кое интелектуално не му одговара”, напишал тој во 1935 година.
8. Бил уверен дека мажите ќе станат потчинети на жените
Оваа борба за рамноправност на половите ќе заврши со нов ред, во кој жената ќе биде повисоко. Таа рамноправност, а подоцна и надмоќ, нема да се постигне преку едноставна физичка имитација, туку преку будење на интелектот на жените, изјавил тој.
9. Тврдел дека измислил “зрак на смртта”
Според него овој зрак може да уништи 10 000 непријателски авиони на растојание 320 километри, но овие зраци никогаш не станаа достапни за човештвото.
10. На мајка му ѝ рекле дека тој е “дете на темнината”
Тесла е роден за време на бура во ноќта спроти 10 јули 1856 година, а акушерките го протолкувале тоа како “лош знак” и ја предупредиле мајката на Тесла дека нејзиното дете ќе биде “дете на темнината”, на кое мајката приговорлиа и изјавила дека нејзиното дете ќе биде “дете на светлината”.