Претседателот на Србија Томислав Николиќ им порача денеска на амбасадорите во Белград дека разгледувањето на приемот на Косово во УНЕСКО негативно ќе влијае на дијалогот во Брисел, а дека секој наметнат договор би бил расадник за идни судири.

download (2)

– „Замислете во вашите земји најдрагото културно наследство да се предаде на некој кој не го создавал и кој во безброј наврати се обидел да го сотре. Тоа би било исто како на волкот да сте му дале јагне на чување“, порача Николиќ

 

Николиќ ги замоли амбасадорите на 80 држави да размислат искрено за тоа, за да сфатат какви маки ги снашле Србите.

 

Тој реле дека Србија е единствена земја во Европа која освен што и се одзема дел од територијата, се обидува да и се одземе и културното богатство кое е под заштита, додавајќи дека е лицемерно објаснување дека оние кои го уништуваа наследството на Србија на Косово и Метохија, сега подобро ќе го штитат.

Слични содржини