Николоски бара Владата да иницира изградба на спомен куќа на Гоце Делчев во Кукуш

од Nikola Popovski
145 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по повод одбележување од денот на раѓање на македонскиот револуционер Гоце Делчев изнесе предлог до Владата да иницира изградба на спомен на Делчев во Кукуш, неговиот роден град.

„Доколку сакаат чесно да се однесуваат еве еден предлог да дадам имајќи предвид дека на 4 февруари се одбележува годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а тој е роден во Кукуш предлагаме македонската влада да поднесе иницијатива до грчката влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради  спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, доколку тие не го направат ова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова“, рече Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во вестите на ТВ Сител.

Слични содржини