Николоски: Дали Пендаровски бил посетен од странски стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети?

Николоски исто така постави прашање и до СДС, каде што праша дали е вистина или не дека имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата.

од Бети Божиноска
242 прегледи

„Кога анкетите не им се допаѓаат на властодршците ги менуваат анкетарите, а не состојбите на терен. Така што веројатно сега од СДС ќе бараат анкетни куќи кои што нели нив ќе им одат во прилог, се сеќавате на онаа легендарна анкета која што веќе ја објавија пред неколку месеци каде што кога ќе го соберете вкупниот број доаѓаше 104 наместо 100%. А, оваа анкета не можат да ја негираат за тоа што е правена од два институти од кои што едниот е многу близок до СДС, и тоа е многу добра идеја на МРТ“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија коментирајќи ги коментарите на СДС за последниве анкети кои што излегоа на МРТ.

Николоски праша дали е вистина дека пред скоро време Пендаровски во кабинетот бил посетен од  еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети.

„А, иначе тоа што сакам ексклузивно да го споделам вечерва е што веројатно Стево Пендаровски за многу пари ќе добие совети и анкети какви што ќе сака да види. Но, тоа нема да се реализира на терен. Па, еве да му фрлам ракавица на Стево Пендаровски да каже дали е вистина или не дека пред некое време скоро сега, зборувам за денови максимум недели, не за месеци и години, бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети. Тој по потекло бил од Израел, а кој што случајно во минатото но и сега има работено во една соседна држава за тамошниот претседател, во друштво со одредени лица од Романија и Хрватска.  И да го прашам дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во Антикорупциската комисија? Затоа што ако не го пријави е кривично дело. И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства“, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски исто така постави прашање и до СДС, каде што праша дали е вистина или не дека имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата.

Во текот во емисијата тој праша дали Стево Пендаровски ја донираше разликата од својата покачена плата и каде.

„Пендаровски должи неколку одговори во јавноста, на пример Пендаровски беше тој кој што кажа дека разликата од покачената плата ќе ја донира. Нели најпаметен беше од сите, па тој излезе и го кажа тоа. Што значи нели нему покачена плата не му треба. Што значи или многу скромно живее или е криминалец. Затоа што вас ако платата не ви треба значи дека имате други извори на приходи. А, во неговиот случај другите извори на приходи може само да се криминални. И остана до денес неодговорено прашањето на кого ги донира тие средства, и мислам дека е чесно во кампања да излезе и да покаже трансакциски сметки, затоа што така се прават донации, а не приказни да раскажува“, укажа Николоски.

Тој нагласи дека Пендаровски треба да излезе и во јавност да изнесе црно на бело каде донира.

„Второто што должи одговори е пред пет години кога се кандидираше за претседател велеше дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои што следуваат на поранешните претседатели. А, тоа е без разлика на колку години е следува пензија во висина на претседателска плата, а Пендаровски не исполнува услови за пензија, а очигледно ќе земе. И следуваат сериозни финансиски средства за функционирање на Кабинет со  вработени, со канцеларии,  со патувања итн. Велеше дека нема да ги користи овие привилегии, но некако молчи последниве години откако е свесен дека ќе биде демолиран, дека ќе биде прегазен и поразен на овие претседателски избори“, рече Николоски.

„Очекувам најголема победа по изборни единици за ВМРО-ДПМНЕ, со најголем број на гласови и со најмногу пратеници, убеден сум дека четвртата изборна единица ќе го направи тоа, да ги декласираме СДС и да ги испратиме еднаш засекогаш во историја и нив и ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната емисија „За или против“.

Николоски кажа дека причината поради која повторно е носител на  4-тата изборна единица е конечно ставањето крај на криминалот и корупцијата како и мотивот да се направи нешто добро за граѓаните особено во земјоделието и економијата.

Како што кажав јас сум втор пат носител во 4-ката не е тоа случајно, прво четвртата изборна единица е најголема изборна единица во Македонија кога ќе видите географски почнува кај Струмичко Ново Село на границата со Бугарија завршува во Битола. Така што целиот тој јужен и југоисточен дел на Македонија е дел од четвртата изборна единица. 19 општини се вкупно, што е исто така голема бројка само да се посетат, да се поразговара со луѓето, 2020 решив да се натпреварувам таму, јас не го кријам тоа ниту сум од Струмица, ниту сум од Прилеп, причината зошто отидов да се натпреварувам токму во 4-тата изборна единица затоа што сметав дека треба да удриме директно во чело на криминалот, тогаш носител беше Зоран Заев и направивме одличен резултат“, истакна Николоски и додаде:

„Причината зошто го прифатив предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да повторно бидам носител во четвртата изборна единица и за што сум многу благодарен е да ја довршиме оваа работа и да го расчистиме криминалот прво на избори а после тоа и правно. Од друга страна 4-тата изборна единица сепак ние сме патриотска партија е најмакедонска изборна единица, најмногу македонци живеат таму и сакам да направиме убави работи секако со цела почит кон сите останати кои што живеат во Македонија, има и многу Турци кои што живеат во 4-тата изборна единица Роми исто така и сакам да направиме убави работи после победата на изборите. Така што ова се мотивите, постојат и бројни други пред се во делот на земјоделието и на економијата затоа што има многу индустрија во 4 ката и за сето тоа ќе зборуваме во кампањата. Јас веќе стартував пред кампања секој ден сум на терен денеска после овој разговор заминувам за Кавадарци и за Неготино. Бев во Струмица, бев во Василево, Босилово, Ново Село, Могила, Новаци, Прилеп, така што веќе половина изборна единица е помината“.

Николоски посочи дека граѓаните во Македонија очекуваат промени и посакуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ односно конечна промена на актуелната власта.

„Со исклучок на оние најтврди членови на СДС, сите останати во изборната единица 4 сметаат дека власта треба да се промени и власта ќе се промени. Тоа очекување на граѓаните ние ќе го постигнеме, причини има многу пред се во делот на криминалот и корупцијата кои што процветаа во Македонија, како и лошите економски состојби и иселувањето“, рече тој.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини