Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска објасни зошто неговата партија поднесе иницијатива за референдум за поништување на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија.
-Овој договор во 2017 го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов, и тој договор е основата на сите проблеми на Македонија. Затоа што е ратификуван во парламентите на двете држави како меѓународен, а Бугарија има право да ја менува суштината на постоењето на македонскиот народ и македонската држава, односно да удри во темелот на македонската држава. Ако Македонија не ги исполни условите за Цар Самоул, Свети Кирил и Методиј, кои се Свети Климент и Наум, кои сме и што сме ние Македонија нема да влезе во ЕУ и таков договор прифати владата на СДСМ и ДУИ, рече Николоски.
Тој посочи дека Бугарија тврди дека само случајно на западна граница граничи со Македонија, а во суштина граничеле со самата себе затоа што на западната граница од другата страна според нив живеат одродени Бугари кои зборуваат дијалект на бугарскиот јазик и сметаат дека Бугарија треба да граничи со Бугарија.
-Затоа ние сега одиме на суштината а тоа е Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија. Затоа го напаѓаме договорот кој е извор на сите проблеми. Ова е причината, а се други се последиците. Овој договор предвидува многу полоши работи од влегување на Бугарите во уставот, и затоа мора да го решиме почетокот на сите проблеми. Затоа треба да се гласа за поништување на овој договор, потенцираше Николоски.