Николоски: Грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО

од Nikola Popovski
188 прегледи

Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели, изјави вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Само интервју„.

Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја изгуби својата енергетска независност.

„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, рече тој.

„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ“, појасни Николоски.

Слични содржини