Досега одземени се 427 лиценци на градежни фирми кои не ги исполнуваат потребните услови, иако привчно кога ги добиле лиценците, ги исполнувале. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски и еден од вицепремиерот, Александар Николоски по контролата во градежните фирми.
Околу што е тоа што го исполнуваат кога ги добиле лиценците, а што не поседуваат сега, најчесто е број на вработени и стручни вработени. Како што рече Николоски, има и други услови како одреден тип на машини и багери итн.
-Во овие 427, забележавме дека исто лице се врти на 5-6 места или се прави договор кога се добива лиценцата, а после следниот први, се прекинува со тој вработен и тоа се вика изигрување на системот. Македонија е премала држава, а Министерството за транспорт и врски има издадено 3000 лиценци. Немаме толку инженери. Сега ќе се намалува и очекувам од 2500 на следната контрола да се намалат и пазарот да дојде на тоа што е реално, кажа Николоски во вестите на тв Сител.
Според него, вториот чекор ќе биде проверка процесите во кои учествувале овие фирми.
-Подобро сега да ја направиме проверката. Затоа мислам дека овој пресек сега е добар, додаде министерот, информирајќи дека фирмите кои што ќе ја изгубат лиценцата, минимум една година нема да имаат право да аплицираат за нова.
За дискотеките кои немале лиценци и оние кои имале лажни документи за да добијат лиценца, Николоски истакна дека ДПИ настапува со асистенција на МВР и го информираат ОЈО.
-Нема да останат само на неправилности. Ќе следат и кривични пријави каде што не се постапувало според законот. Треба да се зголеми бројот на инспекциските служби. Тоа е во суштина главниот проблем на администрацијата. Битно е како ќе се организираме во иднина. Инспекторатот мора да се зајакне. Во моментов има само 40 инспектори. Мора да се зголеми бројот и да им се подобрат платите, додаде министерот.
Околу досегашното постапување на главниот обвинител Љупчо Коцевски и ОЈО за случајот со трагедијата во Кочани, тој вели дека коректно се однесуваат, со самиот факт што 34 лица се во притвор.
-Тоа многу говори за одговорноста. Ако споредиме со претходни случаи каде што немаше приведени и одговорност, јасно се гледа дека тука ќе има одговорност. Честитки и до МВР. Можеби ова ќе биде показна вежба и за натамошни случаи. Сакам да порачам и дека сум згрозен од обидот на помали политички актери за да ја злоупотребуваат несреќата. Никој во светот не добил шанса ако се злоупотребува ваква трагедија. Здравствениот систем одговори најдобро, а правосудните органи и полицијата си ја вршат работата, нагласи Николоски.