ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група во Собранието, која се игнорира. После изборите, убедливо најголем број градоначалници и поддршка од народот. Јас не реков „all in“ во изборите, Зоран Заев рече и си поднесе оставка. Кога премиер ќе поднесе оставка се оди на избори, не се прават вакви гимнастики, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски околу нивната евентуална блокада на Собранието.
Според него, од доаѓањето на премиерот Димитар Ковачевски на функцијата, за првпат во историјата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат никаква комуникација.
-Ни на лидерски средби, ни во работни групи, ни никаде немаме комуникација. Во такви услови ние немаме друг избор освен да притисниме за предвремени избори. Мислам се плашат. Ќе сме различни, после победата на изборите, ќе седнуваме на лидерски средби, рече Николоски во емисијата „360“.
-Не може работите да се тераат на ѓон. Има таму искусни политичар може да му кажат на премиерот. Не може да се вика ВМРО се такви и јас со нив не седнувам. Ковачевски сакал, не сакал мора да седне со нас, потенцира Николоски.