Николоски: Макдонски пасош има водач на наркокартел од Албанија и осомничен за обид за убиство во Украина

од Берта Китинска
260 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција за аферата „Мафија“ откри уште две лица коишто поседуваат македонски пасош со позајмен идентитет, а како што посочи, еден од нив е познат црногорски атентатор.

–МВР во регуларна постапка на 17 јули 2019 година му издала македонски пасош со број Ц1265083 и на шефот на нарко-кланот од Албанија, Флоријан Мусај, со позајмен идентитет на Наум Фило роден на 22 јануари 1986 година. Ги повикувам медиумите подетално да истражат кој е овој човек. Мусај станува познат кога против неговиот нарко картел во меѓународна соработка на полициските слижби на Германија, Холандија, Италија и Албанија се откриени 91 килограм кокаин во вредност од 20 милиони евра. Според информациите, по добивањето на македонски пасош, Мусај патува низ повеќе европски држави, а во октомври 2019 година пристигнал во Јужна Америка. Користејќи го македонскиот пасош на име Наум Фило патувал низ многу држави – рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека втората индиција која ја имаат е дека пасош поседувал и Стефан Џукиќ, осомничен за обид за убиство на еден од водачите на т.н. Ковачки клан.

-Обидот за убиство се случил во Киев, Украина, а името е Радивоје Звицер. Стефан Џукиќ имал македонски пасош на име Каче Герги. Човек кој медиумите го условуваат како платен убиен на Кавачкиот клан има македонски пасош издаден од МВР, рече Николоски.

Слични содржини