Николоски: Македонија е во ќорсокак

од Берта Китинска
130 прегледи

Во изјави за Утрински брифинг потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, посочи дека земјата е во ќорсокак и дека нивната партија нема да дозволиме национално предавство.

Говорејќи за спорот со Бугарија,Николоски вели дека суштинско прашање е како воопшто Македонија стигна во оваа ситуација.

-Кога беше потпишуван Договорот со Бугарија, на македонската јавност и беше кажувано дека сите прашања со соседите се затворени. Гледаме дека не е затворени, така што Македонија е сега во еден ќорсокак.Второто прашање е што е тоа што е зборувано и ветувано во Софија, а ние не го знаеме како јавност. Треба да видиме што се тие предлози и на каков начин се создавани. Ние како партија нема да дозволиме национално предавство на штета на македонскиот народ, јазик и идентитет, вели Николоски.

Слични содржини