Николоски: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

од Radmila Tasevska
253 прегледи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб за следните избори којшто ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, информира потпретседател на партијата Александар Николоски.

Николовски, во изјава за медиуми пред седиштето на партијата, рече дека воедно е отпочната и подготовката за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, чиј избор традиционално ќе биде направен на Изборна конвенција која што ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.

-И за избор на претседател и за парламентарните избори очекуваме голема историска победа после која ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава, изјави Николоски.

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори – 24 април и 8 мај.

Николоски, на почетокот, посочи дека седницата започнала со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје.

Слични содржини