Николоски: Мицкоски за четири години успеа да ја трансформира партијата

од Берта Китинска
250 прегледи

Во изминативе четири години претседателот Мицкоски заедно со сите вас, заедно со сите нас успеа да ја трансформира партијата, кажа Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при одржување на 17. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Јане Сандански“.

Тој во својот говор кажа дека по тешките моменти во ситуацијата ВМРО-ДПМНЕ по 4 години станала партија и најдобар претставник на македонските граѓани.

И од партија која што на валандовскиот Конгрес се соочуваше со тешка опозиција, се соочуваше со тогаш загубените локални избори, се соочуваше со силен политички прогон кој што меѓу другото значеше замрзнат имот на партијата, блокирани сметки на партијата, неможност партијата нормално да функционира, партија која што беше стигматизирана, партија за која што имаше прашалници во домашната и во меѓународната јавност. И по само четири години ВМРО-ДПМНЕ е најдобар претставник на македонските граѓани, на македонскиот народ, но и на Албанците, Турците, на Србите, на Ромите, на Власите, на Бошњаците, на сите кои што живеат во Македонија, нагласи Николоски.

Слични содржини