Со изјавата на Димитров се потврди дека СДСМ и Владата имаат план да направат национално предавство во однос на Бугарија и да ја заобиколат Резолуцијата изгласана во Собранието на Македонија, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски додава дека е навистина загрижен.
-Ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија, потенцира Николоски, додавајќи дека постојат големи сомнежи власта да не ја почитува Резолуцијата од причина што едно од барањата е секаков договор или било какви заклучоци кои се во поглед меѓу односите на Македонија и Бугарија, да дојде на разгледување во Собранието, а, како што кажа, Владата бега од таков дијалог.
Димитров на денешната прес-конференција кажа дека нема доверба во министерот Бујар Османи, бидејќи тој сака спорот со Бугарија да се реши по секоја цена.