Николоски очекува ВМРО-ДПМНЕ да освои 13-14 пратеници во ИЕ4

од Nikola Popovski
187 прегледи

Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експресниот пат Прилеп – Градско, а не со монтирани видеа со вештачка интелигенција. Ќе се изгради и автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и многу покористена помеѓу Прилеп, Битола и Солун, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, Александар Николоски за причините што неговата партија ја затвора изборната кампања токму со митинг во општина Прилеп.

Според Николоски, се најавуваат странски инвестиции, а ќе се стимулираат и домашните. Оценува дека кампањата поминала исклучително успешно.

Пратеникот очекува масовна референдумска излезност во среда.

-Посакуваме 61 пратеник, а ќе си дозволам еве првпат пред медиумите да кажам што очекувам во 4-тата изборна единица, досега во кампањата тоа не го кажувам експлицитно и очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои најмногу пратеници досега и најмногу гласови досега, а тоа е зависно и од малце среќа и од Донтовата формула да имаме помеѓу 13 – 14 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николоски.

Слични содржини