Николоски од Стразбур: Македонија да почне преговори со ЕУ достоинствено, како Македонци со македонски јазик

од Берта Китинска
270 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во следните два дена е во Стразбур каде во рамки на Советот на Европа ќе има бројни средби.

Тој вели дека ќе разговара за интересот на Македонија, за потребата Македонија да почне преговори за членство со ЕУ на достоинствено.

„Македонците да почнат преговори за членство со ЕУ како Македонци. Македонскиот јазик да биде признаен како македонски јазик, односно да се отфрлат тешките барања кои што ги поставува Бугарија и која што става вето на почетокот на преговори на Македонија со ЕУ. Она што го гледам изминативе денови е целосен дебакл на македонската дипломатија. Затоа што дозволија еден документ кој што е во целосно спротивно на македонските национални интереси веќе да циркулира во европските главни градови и за него да се разговара. Тоа е катастрофален документ. Тоа е документ кој што значи поништување на Македонија, и на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Останува нејасно зошто има целосен молк од страна на Владата, премиерот Ковачевски, и министерот Османи. Единствениот логичен одговор е затоа што на тоа се согласиле“, вели Николоски.

Слични содржини