Николоски: Пресудите за Македонците од Бугарија ќе бидат вметнати во Извештајот на Советот на Европа

од Nikola Popovski
137 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски утрово инофмирал дека во април на редовната сесија на парламентарното собрание во Советот на Европа во која една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права, во извештајот ќе бидат вметнати и пресудите кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а за кои што Бугарија не ги спроведува.

-Во април има редовна сесија на Парламентарното Собрание на кој што една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, и исто така јавноста малку знае дека јас сум еден од луѓето кои што го следи спроведувањето на овие пресуди и сум дел од тој Комитетот во Советот на Европа. Ќе има доста жестока дискусија во однос на Бугарија, затоа што еве можам ексклузивно и за јавноста да кажам дека ќе бидат вметнати во тој извештај пресудите кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а кои што Бугарија не ги спроведува. Но, повеќе за тоа ќе може да зборуваме во април, изјавил Николоски во утринската емисија на „Радио Лидер“.

Слични содржини