428
Партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат следната недела и тогаш ќе го комплетираме составот на општините каде не се соопштени имињата, како и за кандидатот на Скопје, кажа денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Официјално од познатите имиња за кандидати за град Скопје до сега се Ана Петровска од коалицијата „Зелен хуман град“ и актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој повторно ќе ја бара довербата на скопјани за нов мандат од редовите на СДСМ.