Николоски: Следува голем протест

од Берта Китинска
310 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од Прилеп ги повика граѓаните за три седмици да излезат на, како што рече, голем општонароден митинг.

– Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ, за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби. Ние од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области, тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ. Овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори – порача тој.

Слични содржини