Николоски тврди дека безбедносни структури физички ги следат политичарите од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
235 прегледи

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски само делумно информираше за тоа што се зборувало на Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, во однос на тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникации и дали произведува софтвер со кој нелегално можат да се следат комуникации. Како што рече, извештаите бсе класифицирани како строго доверливо и затоа не може да се споделат детали, бидејќи се коси со законот.

Сепак од она што го слушнавме, можам да кажам дека не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се прави вакво следење на граѓаните со т.н. малициозен софтвер, кои влегуваат во домот и ова е максимум што можам да кажам, со оглед дека е државна тајна. Кај нас во ВМРО-ДПМНЕ постои сериозно сомневање дека сме под континуирано физичко следење како опозициски политичари, кое се прави нелегално од одредени структури во безбедносниот сектор во државата, тврди Николоски пред медиумите во Собранието.

Пратеникот исто така информира дека како партија ќе побараат од МВР, АНБ и АР да ги декласифицираат информациите, односно да се избрише степенот на тајност – строго доверливо.

Слични содржини