Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци

од Nikola Popovski
209 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места, изјави денеска потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за предлог-даночната реформа што денеска ја претстави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема.

Тој додаде дека власта не прави ништо за да го ублажи ударот од високата цена на енергенсите. Николоски смета дека Буџетот е празен заради лоши економски политики и криминал и корупција.