Николоски: Во Украина има војна, а не воена операција

од Nikola Popovski
224 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е категоричен дека тоа што се случува во Украина е акт на војна.

-Никој не очекуваше во третата декада од 21-от век да се случи војна на европско толо. Се работи за ужас, нема зборови со кои ќе се искаже тоа што се случува. Ми смета поделбата на цивили и војници. Кога едните ќе загинат е оправдано, а другите кога ќе загинат не е така. Тоа се изгубени човечки животи. Ова е војна, агресија, покорување на народ. Најлош акт во човечштвото, вели Николоски во емисијата „Само вистина“.

Говорејќи за претседателот Стево Пендаровски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „тој создал мит за себе дека е голем интелектуалец“.

-Тоа е празна личност без свој карактер, добар оговарач кога ќе седне во кругови, слушам дека сите ги оговара мене, Мицкоски, Заев. Сакам да му порачам дека народот е промакедонски, а не проруски или проукраински, додаде Николоски.