Николоски во Ватикан на средба со Кардиналот Паролини

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан денес Александар Николоски оствари посета и средби во Ватикан.

Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала ( ЦДИ) која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролони Државен Секретар на Ватикан. Со Кардиланот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет.

Николоски исто така ги поздрави напорите на Кардиналот Паролини и Папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се залози за признавање на Македонската православна црква.

Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат уште од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини Државен Секретар на Ватикан Николоски информираше и за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Николоски ја истакна потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим

на ВМРО ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економско раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата.

Граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ беше исто така заклучено. – порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини