Николоски за францускиот предлог: Владата ја прави техниката „варење на жабата“

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека францускиот предлог не е добар, бидејќи „ако бил добар, тогаш премиерот и Владата ќе славеле“.

-Претпоставувам дека предлогот е само нашминкан. Сметам дека ние повторно ќе го дознаеме од бугарските медиуми, затоа што нив им е добар, рече Николоски.

Според него, Ковачевски практично го прифатил предлогот.

-Зошто не се објави веднаш и зошто е потребно да се чека? Има неколку ПР-советници околу него, го натераат да ја направи онаа технина „варење на жабата“. Доколку ја зовриете чашата со вода на 100 степени и фрлете жаба во неа, таа нормално скока. Доколку ставите жаба во чашата со вода и почнете пополека да ја греете водата и стигнете до 100 степени, жабата ќе умре во водата. Тоа е позната ПР-тактика и во моментов го прави Владата и советниците, ја варат жабата. Јавноста е попаметна и поосетлива, рече Николоски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини