На овие избори секој глас ќе се брои. Бараме убедлива и историска победа. Ни треба висок резултат и затоа сите добредојдени се тука во оваа биткa, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за причините зошто неговата партија влезе во коалиција со дел од партиите кои до пред извесно време беа дел од актуелната владеачка коалиција.
Според Николоски, на Македонците им се случува апартхејд од партија со 10 пратеници која контролира се во државата, мислејќи на ДУИ.
-Сигурни сме дека ќе се промени. Затоа мораме да го рашириме кругот. Овие избори се за пратеник плус и затоа повикуваме, рече вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Тв Сител.
Во однос на промената на името, Николоски истакна дека тоа е спротивно на волјата на граѓаните и информира дека нивниот сегашен коалициски партнер, претседателот на ДС, Павле Трајанов јавно се покајал и кажал дека згрешил што го поддржал референдумот за промената на името.
Во однос на уставните измени, според него, сите партии од новата коалиција соопштиле дека се против промени под бугарски диктат.