Николоски за заемот од Унгарија: Под 5% камата нема ниту во банка кога ќе појдете стан да купувате

од Nikola Popovski
235 прегледи

Министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека условите за заемот од Унгарија се најдобри кои што воопшто можат да се добијат. Тој синоќа во дебатна емисија им порача на граѓаните: „Нека размислат дали било кој може да добие вакви услови во било која банка кога ќе појде стан да купувате“.

-Под 5% нема камата и тоа треба јако да се потрудите, ај да не велам дека треба пријатели да имате во банката. Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3.25%, што е историски најниска камата. СДСМ земаше и ги враќаше за пет години, рече Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Министерот додаде дека преку економската соработка со Унгарија, земјава може да ја продлабочи соработката и да искористиме повеќе средства од овие 500 милиони евра.

Според него, тоа е одличен договор и покажува дека Унгарија е најдобар пријател на Македонија. Николоски тврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан во моментов е најголем пријател на Македонија во Европа.

Слични содржини