Николов: Законот за минерални суровини за менување по скратена постапка потекнува од случајот Лабуништа

296 прегледи

Во новиот закон за минерални суровини, како што посочува Николајчо Николов од Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора, проблемот се концесиите, кои, кога се доделуваат набрзина предизвикуваат несомнена реакција од локалното население.

„Таков е случајот со Лабуништа, од каде можеби потекна менување на законот по скратена постапка иако е мошне сложен и има 145 члена. Ние се залагаме за транспарентност и со присуство на сите заинтересирани страни да донесеме добар закон“, истакна Николов во своето вечерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат.

Слични содржини