Николова: Поради блокадите на ВМРО ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

од Destan Jonuzi
230 прегледи

Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го блокираа законското решение со кое од Европската банка за обнова и развој требаше да се обезбедат 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа истакна дека по неколкумесечни блокади ЕБОР ги повлече средствата бидејќи тие веќе не можеле да бидат замрзнати и ги пренаменила за други држави.

– Овие средства беа предвидени за ЕСМ да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини електрична енергија, како и за сервисирање на долгот, но и снабдување со основните суровини како јаглен и мазут, заради непречено снабдување со електрична енергија на домашните корисници. Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош и тоа во време на криза, кога тешко во светот тешко се доаѓа до заеми и друг вид на финансиска помош, изјави Николова.

Според социјалдемократите ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно лажеа дека услов за овој заем било затворањето на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

– Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска со месеци не го потпишуваше заемот.

Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска и енергетска криза дејствува на штета на граѓаните и државата. Тоа е срамен и неодговорен пристап, а судот за таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на крајот ќе го дадат граѓаните, подвлече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Слични содржини