Николовска за Мијалков: Зборот циркус е премалку

од Берта Китинска
328 прегледи

Адвокатот Ружица Николовска во емисијата „Вин Вин “, вели дека случајот со Сашо Мијалков е едно фијаско кои и да сакавме да го режираме за да направиме филм, немаше да успее.

– Сакам да кажам дека за жал во овој случај конкретно и јас како како адвокат не можам да го наречам првен предмет во него  имаме многу политика и да не речам институции , туку актери кои сакаат да вежбаат право. Ако имате отстапки не може да разговараме дека ова е правен предмет. Во оваа ситуација вам лицето кои е субјект во постапката, а тоа е обвинетиот ви е не достапно дали судот го третира како бегалец ние имаме фактичка состојба дека нашиот клучен играч е не достапен за судот. Дури и зборот циркус е премалку ова е таква една пародија едно такво фијаско и да сакавме да режираме ваков филм нема да можевме да го изрежираме на ваков начин, вели  Николовска.

Слични содржини